Во Музејот на македонската борба вечер (17 октомври) во 19 часот, во рамките на фестивалот „Златна лира“, концерт ќе одржи пијанистката Кристина Светиева.
На концеротот „Музичка импресија“, по повод 160-годишнината од раѓањето на Клод Дебиси, ќе бидат изведени делото „Прелудиуми“ (1 книга) и циклусот „Images – слики“ (2 книга).
Пијанистката Светиева успешно настапувала на подиумите низ државава (фестивалите „Охридско лето“, „Скопско лето“, „Денови на македонска музика“), но и надвор од земјава (Турција, Италија, Франција, Бугарија, Шведска, Холандија, Хрватска, Чешка, САД). Носител е на повеќе високи државни и меѓународни награди и признанија. Влезот за концертот е слободен.