Во Концертната сала на Центарот за култура во Дебар денеска, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи концертот на македонска народна музика „Дебарски бисер 2022“.
На концертот, кој традиционално се одржува во мај, годинава ќе настапат познатите интерпретатори Татијана Стефановска, Влатко Миладинoски, како и надежниот дебарски пејач Салмир Асаноски, во придружба на оркестарот на маестро Златко Миладиноски.
Концертот е финансиски поддржан од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за работа на Центарот за култура – Дебар во 2022 година од областа на фолклорната дејност.