Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска со почеток во 19:00 часот ќе се одржи концертот „Македонски Брас Квинтет во Софија“.
Македонскиот Брас Квинтет во состав: Драган Младеноски – труба, Александар Златески – труба, Антонио Костевски – хорна, Димче Белчовски – тромбон, Александар Ниниќ – туба, на концертот ќе изведе дела од: Х. Персел, Ж. Бизе, М. Пенеља, А. Баканов, Ж. Клавеј, Џ. Гејл, М. Кастело, Б. Хауард, С. Вондер, а ќе исполни и сплет од македонски музички бисери.