Светската ѕвезда на вокалната џез-музика, Курт Елинг, и Националниот џез-оркестар в среда (15 мај) во 20:00 часот ќе одржат заеднички концерт во Македонскиот народен театар.
Диригент ќе биде Џијан Емин.
Курт Елинг е двократен добитник на наградата „Греми“. За него „Њујорк тајмс“ ќе напише дека токму тој е „извонредниот машки џез-вокал на нашето време“.