Во рамките на музичката програма на Охридско лето вечерва концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“ под диригенската палка на Иван Еминовиќ. Како солист ќе настапи сопранистката Марија Ташевска. Концертот е со почеток од 21 часот во а црквата Св.Софија.
На програмата се дела од В. А. Моцарт, Росини, Хендл, Џордани, Чајковски, Перголези, Шуберт, Шнитке и Пјацола.
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години, а од 2018 година оркестарот го носи името на македонскиот диригент Саша Николовски-Ѓумар.
Завршниот концерт на летната сесија на оркестарот континуирано е дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“, а во последните години и на фестивалите „Скопско лето“ и „Битолско лето“.