Концерт „Заедно“ со оркестарот на Филхармонијата

од admin_kult

Oркестарот на Филхармонијата в четврток со почеток во 20:00 часот ќе го одржи концертот „Заедно“, на кој како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих од Австрија, македонската пијанистка Марија Вршкова и виолончелистката Михе Рио од Кореја.

На концертот ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп. 56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе