Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ го наградува со „Златна камера 300 за животен опус“ истакнатиот британско-дански кинематографер Ентони Дод Ментл.
Дод Ментл во 2009 година, на триесеттиот јубилеен Фестивал „Браќа Манаки“, стана добитник на „Специјалната златна камера 300“, а годинава се закитува со позначајната награда за животен опус, со која влегува заслужено во Клубот на великаните на Фестивалот „Браќа Манаки“.
Ентони Дод Ментл е еден од творците на оригиналниот дански филмски израз, кој соработува со голем број режисери, а триумфот во неговата кариера се случи во 2009 година кога го освои едниот од осумте Оскари за филмот „Сиромашниот милионер“, во режија на Дени Бојл, филм со кој истата година беше отворен и јубилејниот 30. Фестивал „Браќа Манаки“.