Киното при Музејот на современата уметност ја продолжува својата летна филмска програма. Од 26 до 28 јули љубителите на филмската уметност ќе може да уживаат во три извонредни филмски остварувања.
„Се работи за три документарни филмови кои во изминатите години беа прикажувани и наградувани на најзначајните филмски фестивали низ светот. Сите филмови ја обработуваат жешката тема – Украина. Проекциите се бесплатни и започнуваат од 21 часот, на отворено – на тремот во МСУ.
Капацитетот е 60 седишта“, информираат од МСУ.
Насловите на филмовите се објавени на профилот на институцијата на социјалните мрежи.