По повод 50 години од творештвото на МИЦКО – Мице Јанкуловски денеска во спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга ќе биде отворена изложба и ќе биде промовирана публикација.
Делата на Јанкуловски насликани со црната боја, професионалната јавност ги препознала како исклучително значаен придонес во еден ексклузивен сегмент на уметници во историјата на уметноста, кои сликале со црна боја. Историчари на уметност и куратори, препознаваат различни димензии во неговото сликарство.
Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои: Ел Греко награда за најдобар уметник, Лоренцо ил Мањифико награда за животно остварување, Награда Уметник на светот, Гран при на Меѓународното графичко биенале во Бугарија…
Од Центарот за култура „Браќа Миладиновци” кој е и организатор на настанот информират дека истиот ќе се одвива согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид 19.