Во Националната галерија – објект Даут-пашин амам денеска во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата посветена на еден од најзначајните толкувачи на енформелот во македонската уметност „Јубилеј 90 години од раѓањето на Ристо Калчевски (1933 – 1989)“.
Кураторки на изложбата се Маја Неделкоска-Брзанова, кустос советник и Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос.
Изложбата ќе трае до 29 февруари 2024 година.