По повод одбележувањето на 60 години од поплавата во Скопје, денеска во изложбениот простор во Музејот на Старата скопска чаршија ќе биде отворена изложбата „Убавиот бунтовен Вардар“ на авторката Зоја Богдановска, кустос во Музејот на град Скопје.
– Изложбата ја презентира историјата на поплавите во градот во последните три века, од времето кога се евидентирани во пишаните извори за Скопје, а акцент е ставен на поплавата што се случила на 16 ноември 1962 година. Покрај фотографиите проследени со историски податоци, изложбата е збогатена и со разгледници од збирката на Музејот на град Скопје.
Во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија, во рамките на изложбата ќе биде прикажан документарниот филм „Стихија“ од 1962 година, во режија на Бранко Гапо и Трајче Попов.