Изложбата „Од семејно кон институционално културно наследство – семејство Шабан“, во Музејот на македонската борба за самостојност, пред јавноста ја презентира богатата донација за Музејот од семејството Шабан, која содржи лични предмети во временски интервал подолг од 200 години, подарени од Џангул Шабан.
Музејските предмети, класифицирани во категориите лични, домашни покуќнински и метални предмети, ги содржат спомените на три генерации, претставници на семејството Шабан. Нивната семејна историја се простира низ четири државни системи на една иста територија и го прикажува придонесот на носителите на презимето Шабан кон професионалниот политички и социјален живот на овие простори.
Координатор на изложбата е етнологот Елизабета Марковска, а на отворањето говореа Ѓунер Исмаил и директорката на Музејот, Даниела Николова.