Во Музејот галерија – Кавадарци е отворена изложба на фотографии од златни археолошки артефакти пронајдени во Неготинско. Автор на изложбата е Драгица Чекорова, кустос советник и директор на Музејот на град Неготино.
Во рамките на изложбата на 30 паноа се претставени фотографии од златните археолошки артефакти пронајдени на археолошкиот локалитет „Орманков гроб” во 2008 година. Станува збор за накит, предмети за чување накит, монети и слично, кои датираат од 5 до 4 век пред нашата ера.