Во Домот на Армијата на 14 февруари (среда) од 20:00 часот ќе се одржи изложба на новопримените автори на Друштвото на ликовните уметници на Македонија.
Изложбата ќе ја отворат претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева-Чупоска, и претседателката на уметничкиот совет, проф. д-р Маја Рауник-Кирков.
Од ДЛУМ информираат дека ќе бидат претставени новите членови примени во 2023 г. и од првиот конкурс од 2024 година.
Ќе бидат изложени дела на: Ана В’чкова, Весна Стефановска, Гоце Стоилковски, Дејан Давчевски, Доротеј Нешовски, Ирена Гапковска, Методи Исков, Никола Упевче, Марија Николова, Сарита Конеска, Софија Илиев и други автори.