Во Изложбениот салон при НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово денеска со почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на слики од Меѓународниот сликарски конак „Грација – ИАН 2022/2023“.
На изложбата ќе бидат претставени дваесетина дела, работени во изминативе две години, од 17 реномирани ликовни уметници – сликари од Србија, Германија, Р Српска, Бугарија, Турција, како и од нашата земја.
Домаќин и организатор на Сликарскиот конак е Влајко Стојчевски од Куманово, а координатор и уметнички раководител е реномираниот сликар од Куманово, Мики Трендафиловски.
Љубителите на ликовната уметност ќе може да ја посетат изложбата во следните осум дена.