На кејот од реката Црн Дрим, пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вечер (28 јули) ќе бидат изложени дела од Владимир Младеновски по повод пет децении од неговото ликовно творештво.
На изложбата ќе бидат претставени 30-ина дела со мотиви од Струга и Струшко, пејзажи и староградска архитектура.
– Во делата на овој македонски сликар, роден во струшкото село Подгорци, пулсира родниот крај каде што се овековечува блесокот на боите со сета природна убавина и раскош. Студиозно им приоѓа на просторите, објектите, предизвиците и осмислено ги актуализира најскапоцените и најсуштествените пораки и факти пренесени на платно – информираат од Центарот за култура.