Под наслов „Underpainting“, денес (среда 15 мај), во Cite Internationale des Arts во Париз ќе биде отворена изложба на слики од Билјана Билбилоска.
Таа ќе се претстави со дела изработени во акрилна техника.
Изминатите неколку седмици, Билјана Билбилоска престојуваше во куќата на уметниците во Париз, во квартот Le Marais
Главниот белег на оваа изложба е насочена кон истражувањето на палетата на бои на Леонардо да Винчи, на неговите три капитални дела во Лувр, како и на неговата специфична техника на работа, универзално позната како Underpainting, или сликање во неколку слоеви на боја.
Проектот е поддржан од Министерството за култура.