Во Центарот за култура – Дебар вчера беше отворена самостојната изложба на младата сликарка од Тетово, Арбана Дехари. Изложбата, која ја отвори директорот на Центарот за култура – Дебар, Зинче Мимидиноски, за публиката ќе биде достапна до 23 април.
Изложбата на сликарката Арбана Дехари се реализира како соработка меѓу Уметничката галерија од Тетово и Центарот за култура во Дебар.
Ова претставување е дел од Годишната програма на оваа Национална установа и е финансирана од Министерството за култура.