Државниот архив, по повод 25 години од смртта на Мајка Тереза, организира изложба со наслов „Мисионерка на милосрдието – Спомените за Мајка Тереза во Државниот архив“, која ќе биде свечено отворена на 5 септември (понеделник) во 12:00 часот во Музејот на македонската борба.
Како што информира организаторот, Државниот архив поседува архивска документација за семејството Бојаџиу од времето на нивното живеење во Скопје до 1934 година, како и за посетите на Мајка Тереза во Скопје, која првпат ќе биде презентирана на јавноста.
– Целта е да се претстави нејзината младост и нејзиното семејство во Скопје. Изложбата е составена од 15 паноа со над 100 фотографии и документи – наведуваат од Државниот архив.