Изложба „Карпино 2022“ во Куманово

од admin_kult

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово утре (9 ноември) во 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Карпино 2022“.

Јубилејната 20. Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2022“ се одржа во август годинава, а на колонијата се претставија 13 уметници од Србија, Америка и Северна Македонија. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 17 ноември.

Колонијата е во организација на Мултимедијалниот центар – Карпино, Општина Куманово, и во традиционалната соработка со Центарот за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе