Изложба „Живи артефакти – (АР)тистика“ на Филип Јовески во Белград

од admin_kult

Во галерискиот простор на македонскиот Културно-информативен центар во Белград денеска (10 јуни) во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти (АР) тистика“, на  нашиот мултимедијален уметник Филип Јовески.

Концепциски, изложбата претставува продолжение на првонаградените мултимедијални дела на уметникот од последното издание (2024 година) на реномираното и познато во светски рамки „Остен биенале“.  

Изложбата, која е поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе ја отвори со пригодна реч директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров.

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 16 јуни.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе