СФЕРА Интернешнал денеска, 21 јуни (понеделник, ) од 19 часот во клубот „Јагода“ во Битола организира изложба во склоп на „ECHO II: Traditions in Transition“, европски културен проект кој има за цел да покани уметници кои работат во областа на сликарство, скулптура, графички дизајн и занаечиство да создадат оригинални уметнички дела инспирирани од локалната традиција.
Во склоп на проектот учествуваа 4 уметници од СевернаМакедонија, Грција, Бугарија и Унгарија кои твореа нау метничка резиденција во Преспанскиот регион во текот на месец мај 2021 година. За време на резиденцијата направени се прекрасни дела кои ќе бидат изложени.
Проектот е ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската Комисија, Министерството за култура на Република Северна Македонија како и од локалните партнери: Графопром, МЗТ Инжинеринг, СН Осигурителен брокер, Синдикат при ЕСМ и Синпекс.