На малата сцена во Драмскиот театар, денеска и утре ( 20 и 21 декември), со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „За нас почнува живот“, во режија на Дејан Пројковски.
Претставата е работена според драмскиот текст „Прав“ на унгарскиот автор Ѓерѓ Шпиро. Улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Нино Леви.
Костимограф е Марија Пупучевска, а автор на музиката е Горан Трајковски. Асистент на режија е Дамјан Димовски, преводот е на Маја Бражанска, а плакатот и видеото ги изработи Стојан Стојановски.
Претставата е финансиски поддржана од Министерството за култура.