НУ Центар за култура, во соработка со НУ Камерен оркестар на Битола, по шести пат го организира концертот „Засекогаш во срцата“.
Од НУ Камерен оркестар на Битола информираат дека утревечер во Центарот за култура во Битола ќе се одржат два концерта во чест на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски-Бојс.
Како и секоја година, покрај македонски изведувачи, во проектот поддржан од Министерството за култура, на сцената ќе се појават и гости од соседните држави, кои ќе ги изведат најдобрите песни на Тоше во оркестарски аранжман.
На двата концерта, најдобрите хитови на Тоше Проески, Кире Костов и Драган Каранфиловски-Бојс ќе бидат изведени од Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Александра Трајческа и Катерина Јовановиќ во придружба на Камерниот оркестар на Битола.