Националната установа Центар за култура – Битола приреди два викенд-концерта посветени на Тоше Проески и на Аки Рахимовски.
Во големата сала на Центарот за култура, придружувани од Камерниот оркестар на Битола и под диригенство на Владимир Димовски, незаборавните хитови на музичките ѕвезди Тоше и Аки ги пееја: Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков, како и хорот на Државното музичко училиште од Битола.
Културниот настан „Засекогаш во срцата“ се одржа со поддршка од Министерството за култура.