„Засекогаш во срцата“ со песните од Тоше и Аки во Битола

од admin_kult

Националната установа Центар за култура – Битола приреди два викенд-концерта посветени на Тоше Проески и на Аки Рахимовски.

Во големата сала на Центарот за култура, придружувани од Камерниот оркестар на Битола и под диригенство на Владимир Димовски, незаборавните хитови  на музичките ѕвезди Тоше и Аки ги пееја: Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски и Бојан Стојков, како и хорот на Државното музичко училиште од Битола.

Културниот настан „Засекогаш во срцата“ се одржа со поддршка од Министерството за култура.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе