Од 3 до 5 септември во Младински културен центар ќе се одржи 5. издание на фестивалот „Друга приказна“. Годинава фестивалот носи наслов „Грозовилата во страшната шума“ (според истоимената книга на Јана Бауер) и е посветен на детската книжевност. Јана Бауер од Словенија е добитничка на главната награда, а во трите фестивалски денови предвидени се десетина настани, од кои повеќето се со и за деца. Фестивалот се отвора вечерва во 19 часот со промоцијата на списанието „Маргина 92“ (комплетно детски број); како и изложбата „Пет години друга приказна“; а вечерта ќе се заокружи со книжевниот натпревар со творби за деца “Овде паѓаат крупни зборови
Започнува фестивалот „Друга приказна“
претходнa