Под мотото „18 години танцуваме на работ!“, в сабота (9 април) во 20 часот на сцената на Домот на АРМ започнува 18. издание на „Танц фест“.
На отворањето ќе бидат прикажани три танцови остварувања: претставата „Општествена критика“ – Обнова во Законот за манипулација врз член 3 од став 1, во кореографија на Бобан Русески; претставата „Патот до месечината“, чии автори и изведувачи се Раде Обрадовиќ и Ана Обрадовиќ од Нови Сад, Србија; а вечерта ќе биде заокружена со делото „Самовили и демони”, во кореографија на Бобан Русески и Јована Зајкова.
На годинашното издание на „Танц фест“ се предвидени гостувања на современи танцови претстави од: Франција, Словенија, Косово, САД, како и трибини, предавања и работилници посветени на современиот танц.
Фестивалот на 20 април ќе биде затворен со настапот на светски реномираната Танцова компанија „Марта Греам“ од Њујорк, САД, кога ќе биде доделена и наградата „Менада“. Наградата ќе ѝ биде врачена на актуелната уметничка директорка на компанијата, Џенет Ајлбер.