Заменик Министер

од admin_kult

Седат Сулејмани

Биографија

Седат Сулејмани е роден во Тетово, во 1975 година. Дипломирал на Универзитетот Улудаг-Бурса во Турција. Студирал постдипломски студии на УЈИЕ, Факултет за општествени науки. За време на различни периоди, тој покажува успех во бизнис, во приватниот сектор.

Долго време бил вклучен во социо-културни активности како што се:

Уредник на едукативната радио програма на Радио Канал Б.

Основач на НВО за култура, образование и уметност „Калкан“

Фолклорист на „Јени Хајат“

Основач и претседател на НВО за култура, образование и уметност „Призма“

Координатор на проектот „Братството не избира граници“ во соработка со општина Бајрам Паша-Истанбул, Турција

Координатор на проектот „Ракотворби“ во соработка со општина Коња-Турција

Тој присуствуваше на обуката „Меѓународен дијалог“, Стразбур-Франција

Има присуствувано на обуката „Балканска меѓународна младинска конференција“

Во 2020 година ја добива титулата заменик министер за култура и оваа функција ја извршува до 2021 година.

Од 2023 до 2024 година бил советник за стручна административна поддршка на општинскиот инспекторат во општина Тетово.

Течно зборува албански, македонски и турски јазик.

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе