Заменик-министерот за култура, Даим Лучи, присуствуваше на отворањето на изложбата „Современи еко системи“, во Музејот на современа уметност. Изложбата е заеднички проект на италијанските уметници Роберто Геци и Антонио Масаруто во кој дијалогизираат уметноста и екологијата, скулптури и инсталации создадени за време на нивниот престој во Националниот парк Шар планина.
Авторите со оваа изложба ја поттикнуваат јавната свест за важноста на природното наследство на нашата земја. Некои инсталации ќе бидат оставени на самиот терен каде биле создадени, некои пак ќе бидат донирани на МСУ. Целиот проект е во соработка со Националниот парк „Шар Планина“, Планинарскиот клуб Љуботен и Македонското еколошко друштво.