Во рамките на посетата на Босна и Херцеговина, заменик-министерот Даим Лучи оствари работна средба со амбасадорот на нашата земја во Сараево, Неговата Екселенција Екрем Ебиби.
На средбата беше разговарано за заедничките заложби за унапредување на соработката во областа на културата со Босна и Херцеговина и можностите за промоција на културните вредности на нашата земја во тамошните државни институции.