Марија Станчевска-Ѓоргова
Во 1997 година дипломира на Одделот за сликарство на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Од 2000 година е вработена во Министерството за култура во Одделението за музејска и ликовна дејност.
Во својата професионална кариера развива мрежа на контакти со активните чинители на културниот живот во земјава и во странство, креира програма за развој на дејноста која придонесува за отворање посебно одделение во рамките на Министерството.
Од основањето на Одделението за визуелни уметности, архитектура и дизајн во 2006 година е на позицијата раководител.
Учествува во многубројни работни тела и комисии за изработка на анализи, национални стратегии, културни политики, а е координатор на повеќе домашни и меѓународни проекти од областа на културата, од кои најзначајни се: Биенале на млади од Европа и Медитеранот, во 2009 година; Биенале на уметноста во Венеција 2001 – 2017; Биенале на уметноста во Венеција 2006 – 2017.
Во 2022 година е именувана за претседател на Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје.
Во јуни 2024 година е назначена за државен секретар во Министерството за култура и туризам на РС Македонија.