Од 20-ти до 27-ми јуни НУ Драмски театар Скопје учествува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, со претставата „Диши“ (на 22.6.2022г.).
Оваа претстава која е работена според текстот на Данкан Мекмилан, е во режија на Димче Николовски. Преводот на текстот е на Бојан Бошковски, сценографијата на Илија Николовски, а костимографијата на Раде Василев.
Улогите ги толкуваат: Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.
НУ Драмски театар Скопје е еден од шесте театри од државите членки на овој фестивал од меѓународен карактер.