Во Музејот на град Неготино е во тек документирањето на движниот археолошки материјал и на предметите од доцноантичкиот и рановизантискиот период – тегови или ексагии пронајдени на археолошки локалитети во Општина Неготино.
Со документирањето, во кое покрај стручниот тим од Музејот на Неготино учествуваат и надворешни соработници, ќе се овозможи публикување на овој движен археолошки материјал, а во натамошниот период и реализација на изложба на пронајдените предмети.
Инаку, ова е само дел од активностите на Музејот на град Неготино околу богатото археолошко и културно наследство во овој крај.