Во Националната опера и балет на 31 март, од 17:30 и од 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена детската балетска претстава „Петар Пан“ во режија и кореографија на Ирена Лозинска.
Сценариото и песните за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, а визуелната магија е доловена преку костимите на Елена Вангеловска и сценографијата на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски-Дојчин, а продукцијата на „М-соунд“.
Во овој музичко-балетски спектакл учествуваат и 56 деца од балетското студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Николас Александре Хурсо, гости при балетскиот ансамбл.