Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022

од admin_kult

Националната галерија, како координатор на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, кој беше национален претставник на 59. издание на меѓународната ликовна изложба „Венециско биенале 2022“ (La Biennale di Venezia 2022), ќе го претстави проектот пред домашната јавност.

Мултимедијалниот проект ќе биде поставен во објектот Чифте амам од 30 март, во 19:00 часот.

Куратори на проектот, кој ќе биде поставен во Чифте амам сѐ до 30 април, се Ана Франговска и Сања Којиќ-Младенов.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе