Режисерката Бојана Краљевска-Стојков и сценографот Крсто Богојевски се прогласени за најдобри во својата категорија на Фестивалот за деца и млади „Малиот Принц“, кој годинава по 11. пат се одржа во Штип. Тие работеа на претставата „Црвенкапа“ на Театарот Куманово, која премиерата ја имаше во септември.
Драматизацијата за „Црвенкапа“ е на Сашо Костовски, а музиката е на Јован Цветковиќ. Во претставата играат: Александра Михајловска, Никица Јанковски, Матеј Стојковски, Владанка Крстевска и Анастасија Величковиќ.
Детската претстава „Црвенкапа“ од јануари ќе биде поставена на малата сцена во Центарот за култура во Куманово.