Од 29 август до 1 септември годинава во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.
На поетските читања ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство, ќе настапат и неколку музичари, ќе се одржи и работилница за креативно пишување поезија за млади, ќе биде отворена и ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови специјално изработени за фестивалот.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од Младинскиот културен центар ‒ Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и винарница „Стоби“. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а „Култура бета“ е медиумски партнер.