Денеска, први ноември, во Националната галерија, објект „Мала станица“, во 20:00 часот ќе биде отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).
Годишната изложба на ДЛУМ претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ. Друштвото, поддржувајќи го значењето на оваа изложба, и оваа година ќе додели четири награди: за сликарство, за скулптура, за графика и за нови медиуми.