Во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп денеска (17 ноември) во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Под нулата“.
Станува збор за мулимедијален проект во кој учествуваат група ликовни уметници коишто ги истражуваа проблемите и решенијата поврзани со глобалното затоплување.
Носител на проектoт, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и од Центарот за култура од Прилеп, е м-р Викторија Димеска.