Во овие видеа објаснуваме како да побарате помош на националниот портал за е-услуги каде што е во тек аплицирањето за Годишните конкурси за 2023 година.
Видеата се за помош при регистрација и за помош при користење на порталот.
Право на аплицирање за физички и за правни лица по области
Правните лица, со исклучок на локалните установи, може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со најмногу 2 (два) проекта во секоја област, односно едно правно лице може да поднесе вкупно 4 (четири) проекти.
Физичките лица може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со 1 (еден) проект во секоја област, односно едно физичко лице може да поднесе вкупно 2 (два) проекта.
Во областа на литературата и издавачката дејност правните лица може да конкурираат со најмногу 10 (десет) проекти, а физичките лица со 1 (еден) проект.
Забелешка: Електронската идентификација на системот е-услуги за правни лица се врши од страна на авторизираното лице, односно управителот. По најавата во системот е-услуги, потребно е корисникот, меѓу опциите физичко лице и правно лице, да избере правно лице.