Денеска (19 април) во 19 часот на сцената на НУ Театар за деца и младинци премиерно ќе биде изведена куклената претстава „Во детската соба“, авторски проект на режисерката Милена Миланова од Бугарија, која живее и работи во Франција.
Од Театарот за деца и младинци информираат дека станува збор за куклена претстава работена според методот на Филип Женти – француски режисер, кореограф, куклар и творец на т. н. манипулативен, материјален театар, со кого и самата Миланова има соработувано во претходните години.
Музиката за претставата ја изработи Ервин Тул од Франција, а сценографијата, дизајнот и куклите се авторско дело на Марина Червенкова од Бугарија.
Во претставата играат: Ангела Димитрова, Ана Левајковиќ-Бошков, Никола Наковски, Петар Стојанов, Катарина Илиевска-Силјановска и Ненад Митевски.