Во Музејот на современата уметност вечер (26 април) во 20:00 часот ќе биде претставен проектот „Confutatis – од што се направени хероите?“ на ликовниот уметник Велимир Жерновски, реализиран како завршен настан во рамките на манифестацијата „Европско номадско биенале – Манифеста 14“.
Од МСУ информираат дека во рамките на едновечерниот настан ќе биде промовирана печатена публикација со воведен текст „За соработката и оплакувањето со Велимир Жерновски“, конципиран од теоретичарката на уметноста, д-р Кетрин Николс, кураторка на „Манифеста 14“ и „Хамбургер Банхов“ – Национална галерија на современата уметност, Берлин.
Проектот е реализиран со поддршка од:
„Манифеста 14“, Приштина, 2022 и
Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Публикацијата е објавена во рамките на проект поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија. Влезот е слободен.