Во Корча, Албанија, в сабота ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа, во организизација на Македонското друштво „Сонце“ во соработка со Комитетот за национални малцинства, орган на албанската Влада.
Станува збор за завршен настан од проектот „Создавање традиционални носии на македонското национално малцинство од областа на Преспа“.
Исто така, ќе биде промовирана и двојазична брошура, на македонски и на албански јазик, за македонските народни носии од Преспа, чиј автор е Васил Стерјовски.
Настанот е организиран по повод 8 Септември – Денот на независноста.