Во просториите на Културно-информативниот центар во Загреб, Хрватска денеска (8 мај) во 19:00 часот ќе се одржи уметничка вечер со македонската авторка Мерсиха Исмајлоска насловена „Филмот како магија“. Учесници се: доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, книжевник и две значајни имиња од хрватската културна сцана, проф. д-р Никица Гилиќ, филмолог и Зденко Башиќ, уметник. На македонски јазик ќе чита ученикот Јани Иванковиќ, кој посетува настава по македонски јазик.