Костадиновска-Стојчевска: Свечена вечер над македонското небо, достојна за 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

од admin_kult

Цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно се испишани преку видеопроекции на повеќе објекти во државава, а се од: Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов,Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко Стефановски, Тоше Проески и Весна Малинова.

Видеопроекциите кои траат до полноќ, се дел од денешната програма за одбележување на 5 Мај-Денот на македонскиот јазик, во организација на Министерството за култура.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска за овој дел од програмата вели: „Присуствуваме на свечена вечер над македонското небо, достојна за денот кој денеска богато го одбележуваме. Мисли и стихови на повеќе генарации дејци и писатели се вклопени во една приказна преку која се создава слика за македонската историја. Проектот се одвива на  атрактивни локации, а со него дадовме нов современ приод во остварување на аманетот кој го имаме-да го чуваме, негуваме и афирмираме македонскиот стандареден јазик, зашто е тој нашиот дом, нашиотр идентитет“.

Проекциите се одвиваат на: скопското Кале, на Сообранието на РС Македонија, Самоилова тврдина во Охрид, Спомен домот „Блаже Конески“ – Небрегово, Офицерскиот дом во Битола, СОУ „Јане Сандански“ – Струмица, Црква Св. Никола, Крушево, на Спомен-коструницата во Велес.  

Проектот кој е во духот на слоганот на програмата за одбележување, „Пишувај на кирилица!“,  ги потенцира пораките од националната меморија, како: „Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина “,  „Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право“, „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“, „Тамо зората греит душата и с’нце светло зајдвит в гората“,„Кажете ѝ на мајка ми нека не жали оти сепак ние ќе победиме! “, „Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“, „Со една надеж, за трошка љубов, за малку среќа, живееме“, како и „За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“.

Проекциите се завршен дел од целодневната програма на Министерството за култура кое со низа разновидни настани и панел-дебата го одбележа Денот на македонскиот јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе