Во Кинотеката на Северна Македонија вечер (27 април) во 20:00 часот започнува проектот „театар на платно“ – соработка на компанијата „АртАктУм“ и Кинотеката. Вечер на големото платно ќе биде прикажана претставата „CAFÉ MÜLLER“ на легендарната Пина Бауш.
По завршувањето на проекцијата ќе биде отворен разговор меѓу публиката и гостинките: Искра Шукарова, кореограф и професор при ФМУ – УКИМ, катедра за балетска педагогија; Бранка Костиќ – Марковиќ, музиколог и уметнички раководител во НУ „Танец“; Искра Гешоска, програмска уредничка на „Контрапункт“ и на „КРИК – платформа за критичка култура“.