16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023

од admin_kult

Од денеска (27 април) до 29 април, на малата сцена на Македонскиот народен театар, ќе се одржува 16. издание на Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023.

Организаторите информираат дека на отворањето на Фестивалот вечерва ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес, со 90-минутната пантомима „Страдањата на Исус“. На втората вечер, на Фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто-перформанс „Суштество“.

Третата вечер ќе има гости од Романија кои ќе настапат со својата претстава, физички театар, танц и пантомима „Hommo Love“.

Оваа година Фестивалот има ревијален карактер, а како и во изминативе три години, билетите за претставите се бесплатни. Публиката ќе може да ги подигне секој ден од 27 април до 29 април од 14:00 часот на билетарницата на МНТ и пред почетокот на секоја од претставите.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе