На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“ во Битола вечер премиерно ќе биде одиграна претставата „Малиџано“, пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска.
Во „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска-Петрушева, за првпат на театарската сцена ќе настапи актерот дебитант Валентин Дамчевски.
– За мене „Малиџано“ е претстава во која актерот е слободен да ги изрази своите ставови, доживувања…и иако претставата нема комплицирана режија, самото дејствие придонесува за комплицирана естетика која верувам ќе ѝ се допадне на публиката – истакна актерот Дамчевски во пресрет на својот прв настап на театарската сцена.
Дамчевски ќе настапи со искусните актерки и актери од Битолскиот театар, односно со: Маја Андоновска Илијевски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастазија Христовска и Живко Борисовски.
Кореографијата во претставата ја подготви Кире Миладиноски, костимографијата е на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а сценограф е Драган Анѓелковиќ.
Театарската претстава „Малиџано“ е поддржана од Министерството за култура.