Во Битола беше промовиран Музејскиот зборник број 24, кој опфаќа голем број стручни и искуствени научни трудови од областа на археологијата, етнологијата, историјата и уметноста како дел од нашето културно наследство.
Книгата претставува избор од содржини поврзани со многу димензии и форми на културата, а и оваа година, како и минатата, Министерството за култура издвои 170 000 денари за негова реализација.
На промоцијата, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека културното наследство е во срцето на европскиот начин на живот. „Мојата амбиција е да ги охрабрам луѓето, особено децата и младите, да го истражуваат богатото и разновидно културно наследство на Северна Македонија и да размислуваат за местото што го зазема во животот на сите“, рече Костадиновска-Стојчевска.